^
Макдеонски (МК)English (UK)
  • 1 Мариово
    Селска архитектура во Мариово, с. Кален. 1996 година.
  • 2 Враќње од нива.
    Село Зубовце, Кумановско, 1998 година.
  • 3 Зурлаџии
    Пред црквата „Свети Јован“ во селото Црешево, Скопско.
  • 4 На Илинден
    Село Павлешенце, Овче Поле, 2002 година.
  • 5 Транспорт на дрва
    Село Калаузлија, Радовишко, 1996 година.

Македонско етнолошко друштво

Изложба „Накитот во кратовскиот регион“ 2.10.2015

 

 

Гостување во Р Полска

На покана на Институтот за словенска филологија при Универзитетот „Адам Мицкиевич“ од Познањ, а во организација на м-р Звонко Димоски и д-р Јоана Реинкас, во периодот од 13 - 20. мај 2013 год. на Институтот гостуваше м-р Мери Стојанова, етнолог, виш кустос од НУ „Завод и музеј“ - Битола.

Повеќе...

Иванденски празнувања во Ресен

Во рамките на годишната проектна програма на НУ „Завод и Музеј“ Битола, од страна на м-р Мери Стојанова, Етнолог виш кустос, беше реализиран проектот – изложба, „Иванденски празнувања во Ресен“ која се одржа во периодот од 07 – 22.10.2013 во КЦ Магаза, во Битола.

Повеќе...

„Волшебни изработки од дрво“-Етнографски музеј, Белград, Р. Србија

Етнографскиот Музеј од Белград годинава беше домаќин на активностите кои претставуваат продолжение на проектот CRAFTATTRACT кој иницијално во 2007-2008 год. беше развиен како проект од страна на Музеите на Хрватско Загорје, нивните национални партнери како и партнерите од Р. Словенија, а во рамките на иницијативите на INTERREG IIIA, Програмата за соседство, кофинасирана од страна на ЕУ фондовите.

Главната цел на проектот беше промоција и зачувување на нематеријалното културно, наследство со посебен акцент на зачувувањето на старите занаети и вештини и интерсекторско поврзување на сите релевантни фактори.

Повеќе...

Културниот идентитет на градот Скопје од 1945 година до 70-тите години на 20 век

Место:  Музеј на град Скопје
Четврток, 27 јануари 2011, во 20 часот
Изложба:  КУЛТУРНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ОД 1945 ГОДИНА ДО 70-ТИТЕ ГОДИНИ НA 20 ВЕК
Автори: Виш кустос Славица Христова, Виш кустос Татјана Ѓорѓиовска
Рецензија на текст за изложба: Проф. Д-р Анета Светиева
Изложбата ќе ја отвори Проф д-р Владо Ѓорѓиев.

На изложбата ќе биде претставен развој на Скопје по Втората светска војна до крајот на 70-тите години, преку сегменти од секојдневниот и културниот живот на градот. Со оваа тема која се занимава со современото живеење и облици на градот, во Музејот на град Скопје се продолжува концептот на современи етнолошки истражувањa. Преку изложените предмети и фотографии ќе се допре до многуслојноста на овој период, а истражувањата ќе продолжат и понатаму.

Придружете ни се

 

 

 

XI Меѓународен фестивал на етнолошки документарни филмови "Кратово 2022" е поддржан од Амбасата на Израел во Загреб, Република Хрватска

 Emblem_of_Israel.svg.png          

XI International Festival of Ethnological Documentary Films "Kratovo 2022" is supported by the Embassy of Israel in Zagreb, Republic of Croatia