Македонско етнолошко друштво
На 12 април 2017 година во просториите на Институтот за етнологија и антропологија беше претставена книгата „Исламизацијата на Торбешите и формирањето на торбешката субгрупа“ од Проф. д-р Галаба Паликрушева. За значењето на изданието зборуваше академик проф. д-р Драги Ѓоргиев.
Монографијата ги содржи следниве поглавја:
- д-р Анета Светиева
Предговор. Д-р Галаба Паликрушева и нејзиното време
- д-р Анета Светиева
Биографија
- глава I
Број на муслиманите во Југославија
- глава II
Рана исламизација во Македонија
- глава III
Етничките прилики во Река во XV век
- глава IV
Исламизацијата во рамките на мијачката група и појава на Торбешите
- глава V
Појавата и значењето на името Торбеш
- глава VI
Формирањето на торбешката субгрупа
- глава VII
Торбешка дијаспора
- Посебен дел
- Јасемин Назим:
Галаба Паликрушева - научкно-истражувачка работа и резултати
Во завршниот дел на Предговорот, професорката Анета Светиева вели: „... оставаме на читателите да ја прочитаат монографијата „Исламизацијата на Торбешите и формирање на торбешката субгрупа“ и да создадат свој суд за презентираните содржини поврзани со исламизацијата и почетоците на создавање сопствен идентитет, што секако се` уште претставува, повеќе или помалку, отворен процес во услови на друг вид општествена структура, различна од турско-османлискиот т.н. милетски систем.
Врз основа на проценката на вредноста на ракописот и несмалениот интерес за него до денешни дни, можеме да заклучиме дека со резлизаицијата на „дадениот збор“ дека ќе го објавиме, макар и постхумно, даваме свој придонес кон македонската етнологија и македонската култура, со тоа што го заштитуваме од заборав овој вреден труд и ја искажуваме својата почит кон нашата колешка д-р Галаба Паликрушева, која уживаше респект меѓу нас и секогаш беше подготвена да им помогне на помладите етнолози било преку лични контакти, било преку проекти, стручни дискусии или на некој друг начин...“
Од 1 до 10 септември 2015 беше одржано теренско истражување во организација на Доминиум културно јадро, подржано од Министерство за култура на Република Македонија Проектот беше раководен од м-р Катерина Кречева и проф. д-р. Илина Јакимовска.Самото истражување го реализираа поранешни и сегашни студенти од Институтот за етнологија и антропологија, ПМФ. Од истражувањето произлезе публикација со наслов „Солидарности заедништво: една поинаква етнографија за Лазарополе“, како издавач се јавува Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста - Доминиум културно јадро.
Во издание на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во април 2014 год. од печат излезе книгата на д-р Љупчо Неделков „ОБРЕДИ НА ПРЕМИН ОД ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ТИКВЕШ“. Рецензенти на изданието се Проф. д-р Анета Светиева и Проф. д-р Љупчо С. Ристески.
Наведената проблематика е обработена според тријадичната структура на обредите на премин, а е конципирана во следниве поглавја:
$11. Вовед
$12. Природно-географска положба на Тиквеш
$13. Теориско-методолошка рамка на истражувањето
$14. Раѓање
$15. Свадба
$16. Смрт
$17. Заклучни размислувања
$18. Користена литература
Индекс
Книгата претставува значаен прилог кон етнолошката литература во Македонија.
На 14.06.2013 година во свечената сала на Музејот на македонската борба во Скопје беше промовирана книгата „Народната носија во Овче Поле“ од авторот магистер Владимир Јаневски, професор на Одделот за етнокореологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Монографијата излезе во издание на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Штип, за за нејзиното значење зборуваа Зоран Читкуштев, директор на оваа национална установа и д-р Мирјана Мирчевска, вонреден професор на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ-УКИМ, Скопје. Во своето обраќање професорката Мирчевска се осврна на структурната поставеност и содржинската издржаност на претставениот труд.
„Во услови на патријархален живот носијата била носител на локално и регионално обележје, но и социјален обединител на конкретна општествена заедница. Како таква таа е знак за препознавање на определена група, формирајќи традиција која го поврзува поединецот со неговото село, селскиот или пределскиот колектив.
ПРИКАЗ НА КНИГАТА
"ЕТНОЛОШКА МОНОГРАФИЈА НА ЗРНОВО (ДРАМСКО) ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА"
ОД АВТОРОТ ПРОФ. Д-Р ЗОРАНЧО МАЛИНОВ - НАУЧЕН СОРАБОТНИК ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“ ВО СКОПЈЕ
Пред читателот се наоѓа комплетен етнолошки труд од монографски тип кој се однесува на Македонците од Зрновци. Базирана врз рецентни теренски истражувања, како и на други достапни извори (наративни и пишувани) монографијата обработува дефицитарна тема и проблематика од аспект на истражуваниот простор. Не многу често предмет на истражување е народното живеење во егејскиот дел на Македонија, особено ако се има во предвид дека теренско истражување во просторот, речиси не е можно, поради познатиот став на Република Грција кон Република Македонија и Македонците. Токму затоа улогата на информаторите без кои не е можно да се создаде дело од ваков обем и тема, е особено важна.